ИРАН СО НАЈГОЛЕМ РАКЕТЕН НАПАД Израел возврати со удари врз Техеран

Околу десет балистички ракети биле истрелани кон централен Израел, по што израелските сили започнале опсежни напади врз инфраструктура поврзана со иранската влада во Техеран.

607

„Тајмс од Израел“ објави дека Иран, непосредно пред почетокот на еврејскиот празник Пасха, го започнал својот најголем ракетен напад врз Израел од почетокот на актуелниот конфликт на Блискиот Исток.

Според весникот, околу десет балистички ракети биле истрелани кон централниот дел на Израел. Поголемиот број биле пресретнати од системите за воздушна одбрана, додека дел од проектилите паднале во ненаселени области.






По нападот, израелските воздухопловни сили соопштија дека започнале „бран опсежни напади“ врз иранската престолнина Техеран.

Во соопштението се наведува дека цел на нападите била инфраструктура поврзана со иранската влада во „срцето“ на главниот град.

Ескалацијата доаѓа во период на зголемени тензии во регионот, додека меѓународната заедница повикува на воздржаност и избегнување на поширок конфликт.

Поврзани содржини