ОД МИЕЊЕ ЛАВОВИ ДО ШПАГЕТИ НА ДРВО Како настанал Први април и кои се најголемите првоаприлски лаги што влегоа во историјата
Од безопасни шеги до приказни што измамиле милиони луѓе, 1-ви април низ историјата не бил само ден за смеа, туку и вистински расадник за некои од најгенијалните измами досега. Од „бањање лавови“ до шпагети на дрво – кои се најголемите првоаприлски лаги што влегоа во историјата?
Иако шегобијци постоеле отсекогаш, токму на 1 април многумина го „пуштаат на слобода“ својот внатрешен шегаџија. Потеклото на овој необичен празник и денес е обвиено со мистерија, но едно е сигурно – тоа е ден кога сите треба да бидеме на штрек.
Кога и како започнал Први април?
Не постои прецизен одговор кога точно започнала традицијата на Први април. Една од најприфатените теории го поврзува со 1582 година, кога Франција преминала од јулијански на грегоријански календар.
Според стариот календар, Новата година се славела околу пролетната рамноденица, односно на крајот на март и на 1 април. Со новиот календар, таа се префрлила на 1 јануари.
Оние што не ја прифатиле веднаш промената или не биле информирани, продолжиле да слават во „стар термин“ – и токму тие станале мета на шеги, нарекувани „априлски будали“.
Повеќе за најголемите измами што го прелажаа светот прочитајте ТУКА.