ВО СРЕДНО СТРУЧНО СЕ ОТВОРЕНИ 17.000 МЕСТА, А ВО ГИМНАЗИСКО 6.000 Објавен Конкурсот за упис во средни училишта
Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2026-2027 година.
Со конкурсот се предвидени повеќе од 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.
Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата каде што ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.
Во јунскиот уписен рок ќе има две пријавувања – првото од 12 до 15 јуни и второто на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување – на 20 август.