МУ ПРОНАШЛЕ ДРОГА, ВАГА, ОГНЕНО ОРУЖЈЕ, МУНИЦИЈА.. Полицијата уапси гостиварски дилер
При претрес во неговиот стан биле пронајдени и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, информира МВР.
Полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа го уапсија Љ.Ѓ.(39) од Гостивар, откако при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени 13 кесички со бела прашкаста материја, дигитална вага, околу 150 парчиња муниција од различен калибар, еден сигнален пиштол, патрони за ловечка пушка и една воздушна пушка.
Претресени биле стан на уапсениот Илинденска, како и помошни простории на улицата Балиндолска, а претресите биле извршени по судска наредба. По целосно документирање на случајот, против Љ.Ѓ. ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 215 и член 396 од Кривичниот законик, информира МВР на својата страница на Фејсбук.