🎥 УБАВ ГЕСТ ОД ЦРНОГОРСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ МИЛАТОВИЌ Посетата ја почна со обраќање на македонски јазик

Доаѓам како пријател кај пријател, како брат во братска земја - рече претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

1,003

Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ своето обраќање пред новинарите по средбата со колешката Горда Сиљановска-Давкова го започна со пораката: Доаѓам како пријател кај пријател, како брат во братска земја.

Милатовиќ на прес-конфернцијата на кратко се обрати и на македонски јазик.






Претседателот на Црна Гора Милатовиќ денеска беше пречекан со највисоки државни и воени почести во Вила „Водно“ во Скопје од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Како што информираат од кабинетот на претседателката, по официјалниот пречек се одржаа тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

Утре Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.

 

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЦРНА ГОРА ПРЕЧЕКАН СО НАЈВИСОКИ ПОЧЕСТИ Сиљановска-Давкова и Јаков Милатовиќ ќе потпишат договор за соработка

 

Поврзани содржини