📽️ ЌЕ ЈА ОБИКОЛАТ МЕСЕЧИНАТА ВО ЛЕТАЛО Астронаутите на НАСА полетуваат на 1 април

Мисијата Артемида 2 носи нов чекор кон враќање на човекот на Месечината по повеќе од 50 години.

195

Човештвото се подготвува за враќање на Месечината кон средината на 2027 година. Но, утре, на 1 април четворица астронаути ќе полетаат да ја заобиколат Месечината и безбедно да се вратат назад.

Станува збор за мисијата „Артемида 2“, дел од програмата на НАСА за повторно воспоставување човечко присуство на Месечината.






Ова е прв лет со екипаж во рамки на програмата, по успешниот тест на Артемида 1 во 2022 година, кога летало без астронаути ја заобиколи Месечината и се врати на Земјата. Летот траеше 25 дена.

Целта е база на Месечината

Што по Артемида2?

Всушност, Артемида 3 планирана во 2027 година ќе биде првото слетување на луѓе по 53 години. Во ниската орбита на Земјата со која ќе се тестираат лунарните приземјувачи кои се направени од комерцијалните партнери на НАСА. Ова се летала со кои астронаутите ќе треба да слетаат на Месечината.

Понатаму, Артемида 4 преддивува слетување на Месечината со екипаж во 2028 година. Астронаутите ќе поминат една недела на Месечината и ќе изведат низа испитувања, пред да бидат вратени на Земјата. Треба да ја започнат и подготовката за базата „Гејтвеј“, во превод „Порта“.

Артемида 5 планирана за 2029 година е уште поамбициозна мисија, во чиј склоп двајца астронаути ќе слетаат на Месечината и ќе почнат со изградба на лунарната база. Ако изградбата биде успешна, тогаш ќе бидеме чекор поблиску до патување до патување до Марс со екипаж.

 

Од мит до научна реалност

Артемида е божица на Месечината во грчката митологија и сестра на Аполон, програмата со која човекот последен пат стапна на Месечината во 1972 година. Леталото Орион, пак, го носи името на познатото соѕвездие стрелец. Тој е митолошки ловец поврзан со Артемида.

 

Програмата има и поширока цел. Развој на нови технологии, подобрување на научното знаење и потенцијално искористување на ресурси од Месечината. Историјата покажува дека многу технологии од НАСА подоцна наоѓаат примена во секојдневниот живот.

Претходниот тест беше успешен, патот е отворен

Артемида 1 траеше 25 дена. Леталото Орион помина околу 450.000 километри до Месечината, ја заобиколи на 130 километри и се врати назад, слетувајќи во Тихиот Океан.

Последен пат човек бил на Месечината во 1972 година, со мисијата Аполо 17. Сега НАСА планира повторно слетување, потенцијално во 2027 година, на јужниот пол на Месечината.

Поврзани содржини