ДВАЈЦА МРТВИ, ПОВЕЌЕ ОД 20 ПОВРЕДЕНИ ВО РУСКИ НАПАДИ ВРЗ УКРАИНА Украински дронови нанесоа штети на руско пристаниште

Според високорангирани претставници на руската армија, нападите се во насока на воените активности за формирање таканаречени тампон-зони во Сумската и соседната Харкивска област.

128

Две лица се убиени, а повеќе од 20 се повредени во руски напади врз северните и централните делови на Украина, соопштија регионалните власти.

Во областа околу градот Полтава едно лице загинало, а три се повредени кога врз нив паднале остатоци од беспилотни летала, при што е оштетена и станбена зграда, објави регионалниот гувернер Виталиј Дијакнивнич на социјалната мрежа „Телеграм“.






Во соседната Дњепропетровска област, едно лице е убиено во близина на градот Никопол во напади со дронови и артилерија, додека две лица се повредени во самиот град, а вкупно 12 во регионот, соопшти гувернерот Олександр Ганжа.

Руските сили извршиле и два напада со таканаречени „лизгачки бомби“ врз Сумската област, во близина на границата со Русија, при што се повредени 13 лица, меѓу кои и шестгодишно дете, изјави регионалниот гувернер Олех Хрихоров. Оштетени се 15 куќи.

Според високорангирани претставници на руската армија, нападите се во насока на воените активности за формирање таканаречени тампон-зони во Сумската и соседната Харкивска област.

Украински дронови повторно нанесоа штета на руското пристаниште Уст-Луга на Балтичкото Море, соопшти денеска Александар Дрозденко, гувернерот на Ленинградската област.

Тој исто така рече дека три лица, вклучително и две деца, добиле медицинска помош за повреди, а неколку згради исто така биле оштетени во регионот при нападите со дронови, кои продолжуваат.

Поврзани содржини