ИРАН ГИ МЕНУВА ПРАВИЛАТА, ЌЕ НАПЛАЌА ВО ТЕСНЕЦОТ? Нацрт-законот помина во парламентот во Техеран
Иранскиот парламент ќе гласа за нацрт-закон со кој се предлага патарини и можни забрани за бродови во Ормускиот Теснец, клучен енергетски премин. Потегот носи можна за нова ескалација со Западот и ризик за глобалните нафтени текови.
Нацрт-законот со клој се предвдидува патарина за сите бродови во Ормускиот Теснец помина во парламентот на Иран. Членот на комитетот Моџтаба Сари изјави дека законот ќе оди на дебата и гласање во парламентот.
Според Сари, и бродови од Европската Унија ќе бидат опфатени. Ова ја проширува мерката надвор од билатерален судир и ја претвора во поширок економски сигнал кон Западот.
Таксите ќе се наплаќаат во ирански ријал. Со тоа Техеран се обидува да ја зајакне домашната валута и истовремено да го намали влијанието на американските санкции врз финансиските текови.
Воедно законот отвора можност за забрана на транзит за САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран, што претставува директен одговор на долгорочниот притисок врз Техеран.
Ормускиот Теснец останува една од најважните точки за транспорт на нафта во светот. Петтина од целата нафта поминува низ оваа точка од Персискиот Залив.
Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да ја отвори теснината и постојано се заканува со последици ако тоа не се случи.
Од друга страна, „Волстрит Џурнал“ во нова анализа напиша дека Трамп би ја завршил војната и без отворање на Теснецот.
Нападите од двете страни продолжуваат додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека САД и Израел „поминале половина од патот“.