ЈА УБИЛ МАЈКА СИ СО НОЖ ДОДЕКА СПИЕЛА Одреден 30 дена притвор за 27 годишникот од Росоман

Осомничениот, според обвинителството, ја прободел мајка си со кујнски нож додека спиела во семејниот дом.

403

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на 27-годишникот осомничен дека ја убил својата мајка во Росоман, потврдија од Основниот суд во Кавадарци.

Од Основно јавно обвинителство Кавадарци информираа дека против осомничениот е поведена истражна постапка за убиство. Според обвинителството, делото било извршено со умисла во контекст на семејно насилство.






Како што се наведува, 27-годишникот ја нападнал мајка си додека таа спиела во една од собите од семејниот дом. Тој ја прободел со кујнски нож во пределот на вратот, нанесувајќи ѝ смртоносни повреди.

Јавниот обвинител побарал определување притвор поради тежината на делото и околностите, а судијата го прифатил предлогот и одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Истрагата за случајот продолжува.

Поврзани содржини