🎥 БРУС СПРИНГСТИН НАСТАПИ НА МИТИНГОТ ВО СЕНТ ПОЛ „Вие ни дадовте храброст“
Спрингстин ја свиреше својата анти-ICE химна „Улиците на Минеаполис“ пред десетици илјади луѓе во рамки на протестот „No Kings“ во Минесота, кој е дел од бран демонстрации ширум САД против актуелната политика
Брус Спрингстин настапи на големиот протест „No Kings“ во Сент Пол, во американската сојузна држава Минесота кадешто беше најавен на сцената од гувернерот на Минесота Тим Волц. Пред настапот, легендарниот пејач одржа говор посветен на отпорот на граѓаните кон политиките на администрацијата на Доналд Трамп.
– Оваа зима федерални сили донесоа страв и смрт на улиците на Минеаполис, но го избраа погрешниот град – порача Спрингстин.
Тој ја пофали солидарноста на граѓаните, нагласувајќи дека нивната реакција ѝ дала надеж и храброст на целата земја.
Во говорот, музичарот спомена и двајца жители на Минеаполис кои, според неговите зборови, биле убиени за време на акциите на имиграциските служби, нагласувајќи дека нивните имиња нема да бидат заборавени.
По неговото обраќање, публиката скандираше „ICE надвор сега“, по што Спрингстин ја започна изведбата на песната, која ја напиша непосредно по настаните.
View this post on Instagram
Ова беше третпат како ја изведува „Streets of Minneapolis“ во живо, откако премиерно ја претстави во јануари.
Протестот „Без кралеви“ е дел од бран демонстрации ширум САД против актуелната политика, со над 3.100 регистрирани настани во сите 50 држави.
Настапот на Спрингстин доаѓа непосредно пред неговата нова турнеја „Land of Hope and Dreams“, која започнува на 31 март во Минеаполис, а ќе заврши во Вашингтон на 27 мај.
– Живееме во темни и опасни времиња, но помошта доаѓа – порача музичарот.