ШПАНЦИТЕ СЕ НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА НА ИСТОРИЈАТА За Санчез ставот „без војна“ е темел на шпанската нација
Шпанскиот премиер Предро Санчез вели дека ставот „без војна“ како темел на шпанската политика. Тоа не е луксуз, туку неопходност, порача тој, нагласувајќи дека мирот не е молба, туку барање.
Шпанија стои на „вистинската страна од историјата“, напиша шпанскиот премиер Педро Санчез во писмо. Пораката ја испрати до членовите на Социјалистичката работничка партија, нагласувајќи дека нивниот став „без војна“ не е само политика, туку вредносна линија што ги дефинира.
– Од самиот почеток, ставот на Шпанија беше јасен – без војна затоа што тие зборови опфаќаат сè: сеќавање, достоинство и посветеност на една нација – нагласи тој.
Санчез оцени дека токму ваквиот пристап ја прави Шпанија референтна точка за прогресивните движења ширум светот.
„Научив како е кога владата му го врти грбот на народот“
Санчез направи јасна паралела со 2003 година и одлуката на тогашниот премиер Хозе Марија Азнар да ја поддржи војната во Ирак.
– Научив што се случува кога една влада му го свртува грбот на својот народ и се поклонува пред интересите на странска сила. Кога ја презира вистината и ја става земјата на погрешната страна од историјата – рече тој.
„Не во мое име“
Потоа ја опиша реакцијата на граѓаните.
– Кога милиони луѓе ги исполнуваат улиците за да кажат „не во мое име“ – додаде Санчез.
Шпанскиот премиер, исто така, нагласи дека неговата влада се залага за мир што „не е слоган, туку убедување“.
– Тоа не е луксуз, туку неопходност. Тоа не е молба, туку барање – рече тој, додавајќи дека затоа, кога социјалистите се на власт, тие дејствуваат „во согласност со тоа“.
„Социјализам е кога не се помируваш со неправда“
Тој, исто така, потсети на нивната поддршка за Украина и Палестина во сегашните конфликти, нагласувајќи дека „е потребно да се заврши оваа војна“.
– Социјализмот е кога не се навикнуваш на неправдата и никогаш да не се помириш со насилство – нагласи шпанскиот премиер.