ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА ОСОМНИЧЕНИОТ ГРОЗДАНОСКИ Тој е пренесен во охридскиот затвор
Грозданоски е осомничен дека на 25 март од користољубие го убил Митрески кого сакал да го спречи да го раскине договорот за доживотна издршка.
Притвор од 30 дена доби осомничениот Живко Грозданоски за убиството на 76-годишниот Климе Митрески во Охрид. Грозданоски беше изведен пред судија на претходна постапка во охридскиот суд кој ги прифатил околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците. Тој е пренесен во охридскиот затвор.
Грозданоски е осомничен дека на 25 март од користољубие го убил Митрески. Со цел да го спречи Митрески да го раскине договорот за доживотна издршка, најпрвин вербално, па физички го нападнал во неговата куќа, а потоа и го задушил.
Синот на осомничениот, Божидар Грозданоски преку Фејсбук изрази поддршка за неговиот татко кој, како што напиша, со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршувал својата лекарска професија.