СНАИ И СВЕКРВИ СЕ ПРИЈАВУВААТ ЗА НАСИЛСТВО Нападнати сопруги, ќерки, татко…

Полицијата лиши од слобода седум лица поради вршење семејно насилство.

223

Лишени од слобода поради семејно насилство се седум лица, три во Скопје, двајца во Кавадарци и по едно лице во Струмица и во Гостивар, соопшти полицијата.

На 28.03.2026 во 18 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Х.Ј.(41) по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 66-годишна свекрва. На 29.03.2026 во 00:35 часот во СВР Скопје 41-годишна жена пријави дека на 28.03.2026 со тврд предмет била физички нападната од нејзината свекрва К.Ф.(66).






На 28.03.2026 во 15:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит-пазар полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода С.Д.(46) од Скопје по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 27-годишна ќерка, при што употребила тврд предмет.

На 28.03.2026 во 18:20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.Л.(56) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 52-годишна сопруга.

На 28.03.2026 во 10:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Ј.(48) од Кавадарци, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 74-годишен татко и му се заканувал.

На 28.03.2026 во 20:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ѓ.И.(40) од Кавадарци, по претходна пријава дека во неговиот дом физички ја нападнал неговата 28-годишна поранешна сопруга и ѝ се заканувал.

На 28.03.2026 во 09:20 часот во СВР Охрид, 41-годишна жена од Охрид пријавила дека на 22.03.2026 била физички нападната од нејзиниот партнер Г.К.

На 29.03.2026 во 04:50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ф.К.(27) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна сопруга.

На 28.03.2026 во 19:25 часот, во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода В.С.(30) од Гостивар, по претходна пријава од нејзината 73-годишна свекрва дека околу 12:30 часот во домот физички ја нападнала.

Поврзани содржини