МАЈКА НАПАДНАЛА ЌЕРКА ВО ГОСТИВАР Ќерката сакала да му каже на дедото за насилството во домот
ОВР Гостивар поднесе кривична пријава против двајца 39-годишни поранешни сопружници од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Како што наведува полицијата, на 09.03.2026 во семејната куќа во Гостивар, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу пријавените, при што мајката физички ја нападнала нивната малолетна ќерка, која сакала да го извести дедото за случувањата во домот.