САБАЛЕНКА ГО ОСВОИ МАСТЕРСОТ ВО МАЈАМИ Во финалето ја победи Американката Коко Гоф

Вечерва на програмата е машкото финале меѓу Јаник Синер и Јиржи Лехечка.

85

Тенисерката Арина Сабаленка успеа да триумфира на Мастерсот во Мајами. Таа во последниве недели победи на Мастерс турнирите во Индијан Велс и во Мајами. На двата турнира на сите мечеви загуби само два сета.

Сабаленка во финалето ја победи Американката Коко Гоф со 2:1 во сетови (6:2; 4:6 и 6:4). Првиот сет тенисерката од Белорусија го одигра речиси без грешка, а во вториот сет Гоф ја стабилизираше својата игра и успеа да направи брејк и да го изедначи резултатот. Во решавачкиот сет Сабаленка веднаш направи брејк и ја зачува предноста.






Со победата во Индијан Велс и во Мајами, Сабаленка стана петта тенисерка кој го постигнала овој резултат по Штефи Граф, Ким Клајстерс, Викторија Азаренка и Ига Швјонтек.

Вечерва на програмата е машкото финале меѓу Јаник Синер и Јиржи Лехечка.

Поврзани содржини