СЕ ОГЛАСИ СИНОТ НА ОСОМНИЧЕНИОТ ГРОЗДАНОСКИ Бара разбирање од јавноста, татко му помогнал на многу луѓе

За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил, напиша синот на осомничениот за убиството во Охрид.

1,004

По убиството на Климе Митревски во Охрид се огласи Божидар Грозданоски, син на осомничениот анестезиолошки техничар Жарко Грозданоски.

„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија. За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил.






Брвенчани, тетовчани, но и граѓаните низ цела Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, напиша тој на социјалните мрежи.

Поврзани содржини