ИРАН РАЗМИСЛУВА ЗА КИДНАПИРАЊЕ АМЕРИКАНЦИ, „ПО ПРИМЕРОТ НА РЕВОЛУЦУЈАТА“ Мета би биле функционери, бизнисмени и воен персонал

Иранската државна новинска агенција Мехр њус објави дека војната влегува во втората фаза.

178

Иранските власти ги сметаат киднапирањата како ефикасна акција против САД, објави иранската државна новинска агенција Мехр њус.

Агенцијата објави на Телеграм дека војната влегува во втората фаза.






„Иранските воени претставници се чини дека веруваат дека една од најефикасните мерки е киднапирање на американски функционери, воен персонал и на бизнисмени во наредните денови, по примерот на настаните од Иранската револуција кон крајот на 1970-тите и киднапирањето на Американци“, објави агенцијата.

Мехр њус, исто така, тврди дека дополнителни воени единици се подготвуваат да се приклучат на конфликтот и дека имаат намера да удрат „силно, брзо и болно против САД“.

Откако САД и Израел го почнаа првиот бран напади на 28 февруари, во кој беа убиени врховниот лидер на Иран и многу високи функционери, Иран покажува сила во своите изјави на социјалните медиуми. Земјата постојано им се заканува на САД и тврди дека има предност во конфликтот.

Пентагон, пак, денеска се закани дека ќе му зададе „последен удар“ на Иран, што би можело да вклучува поинтензивно бомбардирање и евентуална интервенција на копнени сили.

Иранската заложничка криза е еден од најтензичните настани во модерната историја – на 4 ноември 1979 година милитантни ирански студенти се налутија што американската влада му дозволи на соборениот шах на Иран да отпатува во Њујорк за медицински третман и ја зазедоа амбасадата на САД во Техеран, по што 52 Американци останаа заробени 444 дена.

Поврзани содржини