ВНИМАВАЈТЕ, ЌЕ ДУВА СИЛЕН ЈУЖЕН ВЕТЕР СО БРЗИНА НАД 60 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС Обилни дождови, заладување и грмежи за викендот
Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолт аларм за силен ветер на целата територија на Македонија предупредување за временската состојба.
Управата за хидрометеоролошки работи издаде предупредување за временската состојба во текот на утрешниот ден и жолт аларм за силен ветер на целата територија на Македонија.
Утре времето ќе биде променливо облачно.
„Утре ќе дува умерен до засилен, а наместа повремено силен ветер од јужен правец со брзина над 60 километри на час. Кон крајот на денот под влијание на циклонска активност, ќе има променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините ќе се формира нова снежна покривка“, се вели во предупредувањето на УХМР.

Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до 1 степен, а најтопло ќе биде во Гевгелија, со дневна температура од 21 степен Целзиусов.
Во Скопје утре ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 20 степени.
Во петок и за време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, со повремен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
И во Скопје за викендот ќе има врнежи од дожд, локално пообилни, со засилен ветер од северен правец.
