САД ЛАЖАТ ДЕКА ПРЕГОВАРААТ СО ИРАН Студен туш од портпаролот на иранскиот претседател

Нема тековни преговори. Иран двапати преговараше со лажливата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, за јасно да го искаже својот став. Но, видовме дека тие нападнаа додека траеја претходните преговори, предавајќи ја дипломатијата, рече денеска портпаролот на иранскиот претседател, Елиас Хазрати.

248

САД лажат дека преговараат со Иран, рече денеска портпаролот на иранскиот претседател, Елиас Хазрати.

Техеран продолжува со цврстиот отпор кон агресорот, додаде тој.






Според него, „непријателот падна во жален ќорсокак и се бори да се извлече“

– Нема тековни преговори. Иран двапати преговараше со лажливата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп, за јасно да го искаже својот став. Но, видовме дека тие нападнаа додека траеја претходните преговори, предавајќи ја дипломатијата – посочи Хазрати, коментирајќи ја изјавата на Трамп дека почнале мировни преговори со влијателен ирански функционер.

Според Хазрати „непријателот моли за разговори“ додека се соочува со ужасен пораз.

– САД и Израел не постигнааниту една од своите цели на кој било начин – рече Хазрати.

Поврзани содржини