ЗДРАВСТВЕНИТЕ УСТАНОВИ ИТНО ДА ЈА ПРОВЕРАТ СНАБДЕНОСТА СО ХЕЛИУМ Без овој гас нема да може да се прават магнетнти резонанци

Цената на хелиумот веќе скокна за 30 отсто на европскиот пазар.

190

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) денеска апелираше до сите јавни здравствени установи што имаат магнетна резонанца да ја проверат снабденоста со хелиум, бидејќи тоа е една од суровините што поскапува и ќе биде тешко да се набавува поради војната во Иран.

Цената на овој гас веќе скокна за 30 отсто на европскиот пазар.






– Без хелиум не можат да работат магнетните резонанци. Побаравме да се направат навремени проверки на состојбите на магнетните резонанци во земјата дури уште има достапен хелиум на европскиот пазар – рече директорот на Фондот Сашо Клековски денеска на прес конференција.

Поврзани содржини