БАЛКАНОТ ДОБИВА НОВА МАШКА И ЖЕНСКА ЛИГА Македонија, Србија и Црна Гора го зацврстуваат ракометот

Претставниците на ракометните федерации на трите земји денеска одржаа состанок на кој се разгледуваше формирањето на нова регионална лига во машка и женска конкуренција.

148

Претставници на ракометните федерации на Македонија, Србија и Црна Гора денеска одржаа официјален состанок, каде главна тема беше формирањето на регионална ракометна лига за машка и женска конкуренција.

На состанокот беа разгледани различни варијанти и решенија за тоа како и на кој начин би функционирале лигите во обете конкуренции. Сите учесници изразија единствен став дека заедничките натпреварувања треба да започнат веќе од септември 2026 година, со висок степен на организација и професионални стандарди.






Конечната одлука за форматот на натпреварувањето ќе биде донесена на наредниот состанок, кој е планиран за април во Скопје. На истиот ќе бидат поканети и претставници на клубовите, со цел активно учество во процесот на донесување на одлуки.

„Продолжуваме со интензивна соработка и комуникација за да го реализираме овој значаен проект за развој на ракометот во регионот“, истакнаа од федерациите по состанокот.

Регионалната лига, доколку се реализира, ќе биде прв ваков обид за интеграција на националните првенства во Заедничкиот Балкански ракометен проект, со потенцијал да го подигне нивото на натпревари и интересот кај навивачите.

Поврзани содржини