МАЛОЛЕТНИЦИ ФАТЕНИ СО АЛКОХОЛ ВО КАФУЛИЊА Три локали во Аеродром заработија кривични пријави

Полицијата контролираше 12 угостителски објекти во Аеродром и откри три случаи на точење алкохол на малолетници.

152

Три угостителски објекти во скопската населба Аеродром ќе се соочат со кривични пријави откако полицијата открила дека служеле алкохол на малолетници.

Во текот на продолжениот викенд од 19 до 22 март, полицијата спровела засилени контроли на подрачјето на Аеродром и Драчево. Во акцијата биле проверени вкупно 12 угостителски објекти, а во три од нив биле затекнати малолетници кои консумирале алкохол.






Според информациите од полицијата, по целосно документирање на случаите, против одговорните ќе бидат поднесени кривични пријави за „точење алкохол на малолетници“.

Контролите биле насочени кон спречување на ваквите појави, кои се меѓу почестите прекршоци во угостителските објекти, особено за време на викенди и на празници.

Поврзани содржини