„ЌЕ УНИШТИМЕ СÈ“, ПОРАЧА ТЕХЕРАН Иран со жестока закана кон американските интереси

Иран предупредува дека ќе го блокира клучниот морски премин ако САД ги нападнат неговите енергетски капацитети, што може да предизвика глобален ценовен шок.

863

Тензиите на Блискиот Исток нагло се заоструваат откако Исламска револуционерна гарда се закани со целосно затворање на Ормускиот теснец доколку САД реализираат напад врз иранскиот енергетски сектор.

Во официјалното соопштение, иранската гарда предупреди дека стратешкиот морски премин ќе биде блокиран ако американскиот претседател Доналд Трамп ги исполни своите закани за уништување на иранските енергетски објекти.






Ова доаѓа само еден ден откако Трамп најави дека САД ќе ги „уништи“ иранските електрани ако Техеран не го отвори целосно Ормускиот теснец во рок од 48 часа – потег што значително ја зголеми неизвесноста во регионот.

Иранската страна дополнително ја заостри реториката, предупредувајќи дека компаниите поврзани со американски интереси ќе бидат „целосно уништени“ во случај на напад, а енергетската инфраструктура во земјите каде има американски воени бази ќе биде третирана како „легитимна цел“.

Ормускиот теснец е еден од најважните енергетски коридори во светот, преку кој минува значителен дел од глобалните испораки на нафта и гас. Негово евентуално затворање би можело да предизвика сериозен глобален енергетски шок и нов раст на цените.

Актуелната ескалација доаѓа во момент кога конфликтот во регионот трае веќе неколку недели, а дипломатските обиди за смирување на ситуацијата засега не даваат резултати.

Поврзани содржини