ТЕЛО НА ЖЕНА ВО РАСПАЃАЊЕ ПРОНАЈДЕНО КАЈ ЗРНОВСКА РЕКА Обдукцијата треба да ја открие вистината

Телото е пронајдено во фаза на распаѓање во близина на Зрновска Река, а идентитетот сè уште не е утврден. Надлежните институции најавуваат обдукција и истрага за причините за смртта. Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на реката.

526

Тело на жена во фаза на распаѓање е пронајдено денеска во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река. Жената не е идентификувана, а причините за смртта сè уште не се утврдени. Телото ќе биде предадено на обдукција, информираат од полицијата и и од Јавното обвинителство.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека денеска во СВР Штип е пријавено дека околу 10:40 часот во село Зрновци во местото викано Ѓошевски орев во близина на Зрновска Река е пронајдено човечко тело во фаза на распаѓање. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






Полициски службеници и пожарникари попладнево го пребаруваат теренот околу кејот на реката.

Поврзани содржини