ДОБИЛ СТРУЕН УДАР ДОДЕКА ГО ГАСНЕЛ ПОЖАРОТ Пожарникар од Прилеп повреден при интервенција

Пожар во куќа во Прилеп заврши со повреден пожарникар кој добил струен удар при интервенција. Огнот е изгаснат, а истрагата треба да ги утврди причините и околностите на несреќата.

120

Пожарникар во Прилеп заврши во болница откако доживеал струен удар при интервенција во запалена куќа, се вели во полицискиот билтен.

Настанот се случил на улицата Дебарца. Огнот зафатил куќа и помошна просторија во сопственост на прилепчанец. Пожарникарот, 53-годишен маж од прилепското село Крушеани, бил повреден додека учествувал во гаснењето.






По инцидентот, веднаш бил пренесен во Градската болница во Прилеп за укажување медицинска помош. Засега нема информации за сериозноста на повредите.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од Територијалната противпожарна единица Прилеп.

Прилепската полиција ги утвдрува причините поради кои дошло до повредата.

Поврзани содржини