СЕ СПРЕМАМЕ И ЗА 175 ДОЛАРИ ПО БАРЕЛ Алармантно соопштение од позната авиокомпанија

Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ предупредува на можно сценарио со цена на нафтата до 175 долари по барел и сериозни последици за индустријата. Брзиот раст на цените на горивото веќе создава огромни трошоци, а неизвесноста на пазарот дополнително се продлабочува.

165

Глобалниот енергетски пазар влегува во турбуленции. Американската авиокомпанија „Јунајтед ерлајнс“ се подготвува за можен скок на нафтата до 175 долари по барел.

Главниот извршен директор Скот Кирби ги предупредил вработените. Компанијата веќе разработува сценарија во кои цените нема да се вратат под 100 долари до крајот на следната година.






„Цените на авионското гориво се зголемија повеќе од двојно во последните три недели“, напишл Кирби во пораката.

Ако ваквото ниво се задржи, вели тој, последиците ќе бидат сериозни. Дополнителниот трошок за компанијата може да достигне 11 милијарди долари годишно.

Цената на суровата нафта од типот Брент до неодамна изнесувала околу 70 долари за барел. По ескалацијата на конфликтот меѓу САД, Израел и Иран, цената нагло порасна.

Оваа недела цената достигна 119,50 долари за барел.

Кирби предупредува на можен екстремен исход.

„Верувам дека има големи шанси најлошото сценарио да не се оствари, но речиси и да немаме што да изгубиме ако се подготвиме“.

Поврзани содржини