OПОЖАРЕНИ 20 ХЕКТАРИ ШУМА KAJ СТАРО НАГОРИЧАНЕ Службите успеале да го изгаснат пожарот кон 23 часот

Неодамна, полицијата уапси жител на оваа општина кој се сомничи дека запалил стрниште, по што предизвикал пожар во туѓ имот. Најголем од пожарите во оваа општина, изминативе години биле на отворен простор, покажуваат податоците на ТППЕ Старо Нагоричане.

69

Сува трева и ниска деградирана шума гореле на површина од 20-тина хектари во село Макреш, општина Старо Нагоричане, соопштија денеска од територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

– Пожарот кај нас беше пријавен во 19 часот и успеваме да го изгасиме нешто после 23 часот. Станува збор за поголема површина, во пожарот беа зафатени сува трева, ниско-стеблеста шума – изјави командирот на ТППЕ, Далибор Трајковски.






Неодамна, полицијата уапси жител на оваа општина кој се сомничи дека запалил стрниште, по што предизвикал пожар во туѓ имот. Најголем од пожарите во оваа општина, изминативе години биле на отворен простор, покажуваат податоците на ТППЕ Старо Нагоричане.

Исто така, полицијата денеска соопшти дека лишила од слобода 75-годишен маж од с.Ерџелија осомничен дека предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска. Полицијата постапувала по претходна пријавадека има пожар на локалниот пат од Кадрифаково кон Ерџелија. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема.

Поврзани содржини