🎥 ИРАН ПОГОДИ АМЕРИКАНСКИ СТЕЛТ БОРБЕН АВИОН Ф-35 Ловецот принудно слета, пилотот е жив
Капетанот Тим Хокинс, портпарол на американскиот команден центар, потврди дека авионот од петта генерација вршел борбена мисија над Иран кога морал да изврши итно слетување.
Американски стелт борбен авион Ф-35 изврши итно слетување во американска воздухопловна база на Блискиот Исток откако беше погоден од ракета за која се верува дека потекнува од Иран, изјавија за Си-Ен-Ен два извора запознаени со ситуацијата.
Капетанот Тим Хокинс, портпарол на американскиот команден центар, потврди дека авионот од петта генерација „вршел борбена мисија над Иран“ кога морал да изврши итно слетување. Хокинс додаде дека авионот слета безбедно.
– Авионот слета безбедно и пилотот е во стабилна состојба. Овој инцидент е под истрага – рече Хокинс.
Американскиот министер за војна Пит Хегсет претходни денеска изјави дека САД „дефинитивно победија“ и дека иранските системи за воздушна одбрана се „целосно уништени“.
Еден авион Ф-35 чини 100 милиони долари.
MOMENT US F-35 ‘SERIOUSLY DAMAGED’ BY IRGC AIR DEFENSES — Fars News pic.twitter.com/rwh5dldIfc
— RT (@RT_com) March 19, 2026