И ПАРИ ОД ДРЖАВНИ ПАТИШТА ПОКРАЈ ОД БУЏЕТОТ ЌЕ СЕ ТРОШАТ ЗА АВТОПАТОТ ШТО ГО ГРАДИ „БЕХТЕЛ И ЕНКА“ Измените на законот за изградба на проектот на брза лента во Собрание
Како што објасни заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Aлександар Николоски, со постојниот Закон е предвидено финансирањето на проектот да се прави исклучиво од буџетот на државата, а со измените се остава простор тоа да се прави и од посебната сметка што ја има Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
Собраниската Комисија за транспорт го проследи на натамошна постапка Предлог-законот за изменување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за Автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на Автопатот Прилеп – Битола), по скратена постапка.
Како што објасни заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Aлександар Николоски, со постојниот Закон е предвидено финансирањето на проектот да се прави исклучиво од буџетот на државата, а со измените се остава простор тоа да се прави и од посебната сметка што ја има Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).
-ЈПДП, како инвеститор во проектот, има сериозна количина сопствени приходи кои доаѓаат од различни извори – акциза, давачки што се плаќаат при акциза на горива,…, има солидна сума што годишно ја добива, а има и можности да користи други финансиски механизми кои Буџетот не може да ги користи. Имајќи предвид дека се забрзува динамиката на работа на автопатите и на овие делници, предлагаме можност и ЈПДП од сопствени приходи да го финансира проектот како негов инвеститор. Тоа е измената -рече Николоски.
Митко Трајчулески од СДСМ оцени дека предложената законска измена е бај-пасирање на состојбата.
-Ова денес што го прави Владата е начин на бај-пасирање состојба. Се бара начин како да се задржи динамиката на проектот, а реалната слика е дека државата нема доволно пари за спроведување на своите стратешки национални интереси како што е овој проект. Не гледам дека во рамки на Буџетот соодветно се водело сметка за доволно алоцирање средства. Без разлика на добрите приходи, за ЈПДП овој проект ќе претставува голем товар што понатаму ќе се одрази врз реализацијата на останатите проекти. Претпријатието нема да има доволно финансиски ресурси и затоа мора да остане обврската да биде финансирано од страна на државата. Се докажа дека новиот начин на градба и методологијата придонесоа за сериозна динамика. Ова е единствениот проект досега што тера со одлична динамика. Динамиката го следи планираното, истакна пратеникот од СДСМ.
Пратеникот Тони Јаревски потсети дека оваа Влада во однос на проектот наследи низа проблеми – недефинирани парцели, несредени имотно-правни односи,…
-Имаме Влада која е длабоко посветена на стратешките цели. Некои проекти досега беа само мисловна именка. Реализацијата на овие проекти укажува на зголемената ефикасност на институциите, во случајов, пред се, на ЈПДП, кое има доволно стабилно работење и може да се посвети на реализација на овој проект рече тој.