ТРЕБА ДА СЕ ИЗВИНАТ ЗА СИТЕ НАЦИОНАЛНИ ОТСТАПКИ Дипломатијата на СДСМ не вроди со плод на европскиот пат

Шефот на дипломатијата тврди дека политиката на СДСМ донела национални отстапки кои ниту по 8 години владеење на партијата не дале резултат. Македонија, како што вели, сè уште го чека почетокот на преговорите со Европската Унија, а за новите алтернативни методологии за проширување е потребен консензус меѓу земјите членки.

385

СДСМ како политички субјект нема апсолутно никаков кредибилитет да предлага политики во областа на надворешната политика и би било подоблесно да се извини за сите грешки во минатото и да даде целосна поддршка на Владата.

Вака вели шефот на македонската дипломатија во телевизиско гостување на Алсат. Муцуниски истакнува дека СДСМ направила сериозни национални отстапки на европскиот пат без никаков резултат.






– Осум години по тие отстапки, односно веќе се приближуваме кон десет години, државата сѐ уште нема започнато преговори со Европската Унија. Оттаму, резултатот од нивната политика најдобро се гледа преку она што го направиле и она што го постигнале – заклучи тој.

 

Министерот истакна дека државата континуирано ја следи дискусијата во рамки на европските институции и различните дебати што се водат.

– Ние секако ја следиме дискусијата, како и различните дебати што постојат, но во овој момент наш неостварен стратешки, надворешнополитички приоритет на државата е отворањето на преговорите за членство и што побрзо полноправно членство во Европската Унија – нагласи тој.

Тој додаде дека, од аспект на начинот на кој се носат одлуките во Европската Унија, за евентуална промена на методологијата или на правилата поврзани со проширувањето е потребен консензус.

– Според тоа што го слушаме, постојат повеќе различни идеи за тоа како одредени земји членки или групи на земји членки, па дури и Европската комисија, ја гледаат иднината на политиката за проширување. Но она што е јасно е дека, барем во овој момент, нема консензус по ниту едно од овие алтернативни решенија.

Поврзани содржини