ОАЕ ПРЕСРЕТНАА ДЕСЕТИЦИ ПРОЕКТИЛИ И ДРОНОВИ Иран лансираше нов бран ракети

Воздушната одбрана на Обединетите Арапски Емирати пресретна нов бран ракети и дронови лансирани од Иран, при што има загинати војници и десетици повредени лица.

135

Системите за воздушна одбрана на Обединети Арапски Емирати денеска пресретнаа 13 балистички ракети и 27 дронови лансирани од Иран, соопштија властите.

Од почетокот на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, воените сили на ОАЕ успеале да неутрализираат вкупно 327 балистички ракети, 15 крстосувачки ракети и дури 1.699 беспилотни летала.






Во нападите загинале двајца војници додека биле на должност, како и шест странски државјани – од Пакистан, Непал, Бангладеш и Палестина. Повредени се вкупно 158 лица, дел од нив со тешки повреди.

Меѓу повредените има државјани од повеќе земји, меѓу кои Египет, Судан, Етиопија, Филипини, Индија, Шри Ланка, Турција, Ирак, Јордан, Шведска и други.

Од Министерството за одбрана на ОАЕ порачаа дека државата останува целосно подготвена да одговори на секоја закана и дека ќе се спротивстави на обидите за нарушување на националната безбедност и стабилност.

Поврзани содржини