ЧЛЕНКИ ОД НАТО ПОЕДИНЕЧНО РАЗГОВАРААТ СО САД Се бара помош за поголема безбедност на Ормуз

Еден претставник на НАТО изјави дека „сојузниците веќе ги засилиле напорите за обезбедување дополнителна безбедност во Средоземното Море“.

281

Сојузниците во НАТО разговараат со САД за зајакнување на безбедноста во Ормускиот Теснец, клучна поморска рута за транспорт на нафта. Разговорите доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека преговара со „околу седум“ земји за надзор на овој стратешки премин.

Еден претставник на НАТО изјави дека „сојузниците веќе ги засилиле напорите за обезбедување дополнителна безбедност во Средоземното Море“. Тој потврди и дека во Алијансата се запознаени со натамошните разговори.






– Свесни сме дека поединечни сојузници разговараат со САД и со други партнери за тоа што уште би можеле да направат, вклучително и во контекст на безбедноста во Ормускиот Теснец – рече тој.
Овие разговори се водат во светло на претходното предупредување на претседателот Трамп, кој порача дека би било „многу лошо за иднината на НАТО“ ако сојузниците не помогнат во обезбедувањето на клучната поморска рута за глобалниот транспорт на нафта.

Поврзани содржини