НЕ ВЕЛАМ ДЕКА УТРЕ ЌЕ ГО ГАЃАМЕ КИЕВ Лукашенко се закани и ги спомна ракетите „Орешник“
Лидерот на Белорусија предупреди дека Белорусија ќе се брани ако биде нападната и спомена дека ракетата „Орешник“ не е наменета за удари врз Вилнус, Варшава или Киев. Украинскиот лидер, пак, го нарече распоредувањето на ракетите „шоу“ и предупреди дека Русија може да ги донесе ракетите „Орешник“ во Белорусија и без согласност на Минск.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко испрати предупредување до НАТО и до Украина. Тој рече дека Белорусија може да ја користи моќната ракета „Орешник“ доколку земјата биде нападната.
Изјавата доаѓа во период на растечки тензии во регионот. Москва претходно најави можност за распоредување на ракетниот систем „Орешник“ во Белорусија.
– Не велам дека утре ќе ги таргетираме Вилнус, Варшава или Киев со тој „Орешник“. Не дај Боже, но тоа не е наша задача – изјави Лукашенко.
Според него, Белорусија ќе реагира само во случај на напад врз нејзината територија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро реагираше на овие изјави. Тој тврди дека распоредувањето на ракетите е политичка демонстрација.
– Лукашенко не треба да си игра игри. По ваквите потези Русите можат да го донесат „Орешник“ во Белорусија и без да се консултираат со него – рече Зеленски.
Лукашенко ги оцени ваквите тврдења на Зеленски се „бесмислени“.
Белорускиот лидер повтори дека неговата земја не планира напад врз соседите. Сепак, тој предупреди дека Белорусија ќе се брани доколку биде нападната.