АКТЕРКА ОТКРИВА ДЕКА МЕСИ НЕ Е „СВЕТЕЦ“ Контроверзни тврдења за приватниот живот на аргентинската ѕвезда
Андреа Ринкон тврди дека јавноста има погрешна претстава за приватниот живот на Лионел Меси, а приказната предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Имиџот на аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси како мирен семеен човек без скандали се најде во центарот на внимание по контроверзните изјави на актерката и модел Андреа Ринкон.
Таа гостуваше во телевизиска емисија каде водителите откриле дека Меси ја блокирал на Instagram. Ова предизвикало изненадување во студиото, по што Ринкон решила јавно да проговори за нивната наводна комуникација во минатото.
– Не ме интересира дали ќе ме одблокира, тоа беше во некој друг живот – изјавила актерката, додавајќи дека јавноста има погрешна претстава за карактерот на светскиот шампион.
Според неа, Меси не бил „светец“ каков што често го претставуваат медиумите и навивачите. Таа алудирала на периоди кога фудбалерот и неговата сегашна сопруга Антонела Ракузо не биле заедно, тврдејќи дека тогаш водел поинаков приватен живот.
Во емисијата се отворило и прашањето кој ја направил блокадата на социјалната мрежа. Дел од присутните шпекулирале дека зад тоа можеби стои токму Ракузо, која наводно сакала да ги отстрани жените од минатото на Меси.
На крајот од разговорот, Ринкон посочила дека нивната приказна е „многу покомплексна отколку што изгледа“ и дека не сè е црно-бело. Нејзините изјави предизвикаа бурни реакции на социјалните мрежи – дел од јавноста ги доведува во прашање тврдењата, додека други сметаат дека се отвораат нови прашања за приватниот живот на аргентинската фудбалска легенда.