📽️ БЕЛАТА КУЌА ОБЈАВИ КОНТРОВЕРЗНО ВИДЕО Со неколку твитови не се добива војна, порача ирански функционер

Белата куќа објави анимирани видеа што прикажуваат напади врз ирански цели, комбинирани со елементи од видео игри и симулации. Иранскиот функционер Али Лариџани возврати со порака до Трамп дека војна „не се добива со неколку твитови“.

246

Белата куќа објави контроверзно анимирано видео на својот официјален профил на платформата Икс. Во снимката се прикажуваат напади врз цели во Иран, комбинирани со елементи од видео игри.

Видеото трае 52 секунди и е објавено со кратката порака „НЕПОРАЗЕНИ“. Во него се прикажуваат сцени што наликуваат на воени симулации и снимки од напади.

 






Претходно истиот ден беше објавено уште едно слично видео. Тоа користи метафора од куглањето. Ирански функционери се прикажани како клинчиња, додека топка со боите на американското знаме ги урива. На крајот се појавува снимка од ракета со натпис „УДАР“.

 

Според официјалните информации, овие видеа се дел од операцијата „Епски бес“.

Целта на операцијата, според американските изјави, е уништување на ракетниот арсенал и морнарицата на Иран и спречување на развој на нуклеарно оружје.

Oд друга страна, советникот за национална безбедност на Иран Али Лариџани жестоко реагираше на видеата и на скорешните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп кој често изјавува дека САД ги уништиле речиси сите бродови и авиони на Иран и дека војната наскоро ќе заврши.

„Трамп бара брза победа, но војната не може да се добие со неколку твитови“, напиша Лариџани на социјалните мрежи.

 

Тој додаде дека Иран нема да се повлече.

„Нема да застанеме додека не се покаете за оваа сериозна грешка во пресметката“, порача Лариџани.

Истиот функционер претходно го предупреди Трамп да „внимава да не биде елиминиран“, по серијата закани што американскиот претседател ги упати кон иранското раководство.

Поврзани содржини