СИНОТ НА ВЛАДО КАЛЕМБЕР И АНА РУЦНЕР, КОПИЈА НА СЛАВНИОТ ПЕЈАЧ Гордата мајка сподели слика од Дариан на Инстаграм
Најпознатата хрватска виолончелистка Ана Руцнер, на социјалните мрежи сподели слика од својот син Дариан кој го има со поранешниот сопруг, славниот Владо Калембер.
Најпознатата хрватска кросовер виолончелистка Ана Руцнер неретко на социјалните мрежи се фали со својот син Дариан, кого го доби во бракот со познатиот пејач Владо Калембер.
Овојпат таа објави на Инста-стори, фотографија од 19-годишникот кој со текот на годините сè повеќе личи на својот славен татко.
– Мојот син, моето сè – напиша Руцнер покрај фотографијата, кого многумина лесно би го помешале со Владо, особено во неговите помлади денови.
Дариан минатата година во неколку наврати покажа дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото. Заедно со своите родители, тој посети дом за стари лица во Загреб, каде што изведоа серија од нивните познати преработки и ги забавуваа станарите.
Подоцна во текот на летото, тој имаше посебен сет на диџејскиот пулт за време на концертот на неговата мајка „Pozdrav ljetu“ на археолошкото наоѓалиште Вижула во Медулин, а учествуваше и во снимањето на песната „Ako sve to nije ljubav“ на бендот на неговиот татко, Сребрени крила.
– Уште од дванаесетгодишна возраст сакав да се занимавам со електроника или да истражувам нешто ново, а на петнаесет години се запознав со музиката и некако си реков дека морам да го завршам она што тие го започнаа – рече Даријан во своето прво телевизиско интервју, кое го даде за списанието IN.
И покрај разводот, Ана Руцнер и Владо Калембер останаа во одлични односи.
– Секогаш се најдобро за бившите. За таткото на моето дете, апсолутно. Се најдобро. Ние сме пријатели, поминаа единаесет години откако се разведовме. И засекогаш сме родители. Не е лесно постојано да се чита за тема која е веќе навистина здодевна. Бидејќи веќе нема скандал. И нема и никогаш нема да се случи. И никој никогаш нема да знае која е причината. И кого навистина го интересира тоа? – изјави еднаш Руцнер за „Хепи ФМ“, додека Калембер одговори на списанието IN кога го прашаа за восхитот на другите луѓе од нивната добра врска: „Да, жал ми е што тоа не е правило.“