ФИФА ПРЕД ПРОБЛЕМ, ИРАН НЕМА ДА ИГРА НА СП2026 Еве кој ќе го заземе местото во плејофот
Иран требаше да игра во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд. Според најавите, доколку Иран официјално се повлече, неговото место би можела да го добие селекцијата на Ирак. Ирак треба да игра во интерконтиненталниот плејоф, а во таков случај неговото место во разигрувањето би го добила репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.
Фудбалската репрезентација на Иран би можела да не настапи на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Таква најава доаѓа од иранскиот министер за спорт Ахмад Доњамали.
– Иран не може да учествува на Светското првенство 2026. Соединетите Американски Држави, кои се еден од домаќините, заедно со Израел изведоа воздушни напади врз нашата земја. Под никакви услови не можеме да играме на тој шампионат – изјави министерот Ахмад Доњамали.
Со ваквата одлука, ФИФА би можела да се соочи со сериозен проблем бидејќи Мундијалот би останал без еден учесник.
Иран требаше да игра во група со Белгија, Египет и Нов Зеланд.
Според најавите, доколку Иран официјално се повлече, неговото место би можела да го добие селекцијата на Ирак.
Ирак треба да игра во интерконтиненталниот плејоф, а во таков случај неговото место во разигрувањето би го добила репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати.