МАКЕДОНИЈА ГО ПРОШИРУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО СВЕТСКА БАНКА Николоски ги презентираше плановите за коридорите 8 и 10
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во Вашингтон разговарал со претставници на Светска банка за инфраструктурата и економскиот развој. Фокусот бил на коридорите 8 и 10, железницата и многу нови проекти за општините.
Министерството за транспорт објави дека ги отворило можностите за зголемување на партнерството меѓу Македонија и Светска банка во поддршка на клучни развојни проекти во земјата. Министерот и вицепремиер Александар Николоски на својот Фејсбук профил најави поддршка од Светска банка за нови клучни развојни проекти.
„Согласни сме дека заемната соработка на Македонија и носат догорочен раст и зголемена конкуретнтност. Ги презентирав плановите за реализацијата на клучните стратешки коридори 8 и 10. Зборувавме и за можностите за модернизација на целата железница во државата.
Најавуваме нови проекти за општините со кои ќе го подигнеме локалниот економски развој и квалитетот на живот на нашите граѓани“, објави вицепремиерот Николоски.