ЗА ИСТИТЕ МЕРКИ ФИЛИПЧЕ ОДБИВАШЕ ДА СЛУШНЕ ВО 2022 ГОДИНА Лицемерно е да бара намалено ДДВ власта која го зголеми

Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам), вели Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Според него лицемерно е СДСМ да бара намален ДДВ кога како власт го зголемиле ДДВ за поголем број прехранбени производи.

226

Неинвентивниот Венко Филипче денес на прес-конференција предлага мерки кои ние ги предложивме уште во 2022 година, кога бевме опозиција, а неговата влада одбиваше дури и да ги слушне, обвинува Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.

На својот Фејсбук профил пратеникот напиша:






„Она што денес Филипче го бара, уште во 2022 година, по силниот наш притисок, се воведе преку измена на член 92 од Закон за акцизите и се овозможи намалување на акцизата кога цените на горивата на светските берзи нагло растат (DNA механизам).

Тогаш, истата таа влада на СДСМ планираше и нова ‘еколошка’ такса со која цената на горивата дополнително ќе се зголемеа. За среќа, како опозиција тогаш успеавме да го блокираме тој закон.

Врвот на лицемерието на Филипче и СДСM е тоа што како власт го зголемија ДДВ за голем број прехранбени производи, за денес од опозиција наводно да бараат намалување“.

Според Петрушевски, за разлика од неодговорната опозиција која се обидува да сее страв и паника, денес имаме одговорна Влада која работи граѓаните да имаат меѓу најевтините енергенси во регионот, со што ќе се амортизира ценовниот шок, и покрај реалноста дека глобалните движења на цените создаваат притисок за поскапување.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ во соопштение одговори на предлогот на Филипче за намалено ДДВ за горива и за прехранбени производи.

„Експертот за кризи, хирургот на Заев, Филипче, човекот кој во време ковид кризата, наместо набавка на ракавици, каљачи, маски и така натаму, договараше провизии за вакцини, нема кредибилитет да дели совети како треба да се постапи“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Венко Филипче.

Од партијата велат дека изгледа Венко живее во некој свој свет, во којшто е само тој со Заев, Башановиќ и уште двајца тројца, па нема кој да му каже дека Владата си ја врши својата работа без тоа да биде помпезно најавувано во јавноста, како во нивно време.

Поврзани содржини