ТРАМП НУДИ АЗИЛ ЗА ИРАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРКИ Ако Австралија не сака, САД ќе ги примат

Шефот на САД ја повика Австралија да им даде азил на иранските фудбалерки кои настапуваа на турнирот во земјата. Според него, нивното враќање во Иран може да ги доведе во сериозна опасност. Шефот на САД рече дека во спротивно Америка ќе ги прими фудбалерките кои деновиве се под големо медиумско внимание поради тоа што одбија да ја пејат химната на Иран на некои од наптреварите.

434

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко ја критикуваше Австралија поради одлуката иранската женска фудбалска репрезентација да се врати дома по настапот на Азискиот куп за жени. Фудбалерките веќе се во центарот на вниманието откако не ја испеаја химната на некои натпревари што доведе до шпекулации дека се под притисок од Иран или дека се одметнале.

Трамп предупреди дека играчките може да се соочат со сериозни последици по враќањето во Иран и ја повика австралиската влада да им даде азил.






Иранската женска репрезентација настапуваше на турнирот во Австралија, но беше елиминирана во неделата по поразот од Филипините. Турнирот се одржуваше во исклучително напната геополитичка атмосфера, по воздушните напади на САД и Израел врз Иран, во кои беше убиен иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи.

Трамп реагираше преку својата социјална мрежа.

„Австралија прави ужасна хуманитарна грешка дозволувајќи иранската женска фудбалска репрезентација да биде принудена да се врати во Иран, каде што најверојатно ќе бидат убиени. Соединетите Американски Држави ќе ги примат ако не го направите тоа.“

Според австралискиот медиум Ес-Би-Ес Њуз, 5 ирански фудбалерки се одвоиле од остатокот од тимот и се наоѓаат под заштита на австралиската федерална полиција. Тие бараат помош од владата и разгледуваат можност за азил.

Владини извори потврдиле дека австралискиот министер за внатрешни работи, Тони Бурк, отпатувал во Бризбејн за да се сретне со фудбалерките.

Глобалниот синдикат на фудбалери Фифпро изрази сериозна загриженост за безбедноста на тимот.

Причина за дополнителните тензии беше одлуката на играчките да молчат за време на иранската национална химна пред натпреварот против Јужна Кореја.

Коментатор на иранската државна телевизија го нарече тој чин „врв на срамот“.

Поврзани содржини