РУБИО ОТКРИ ЗОШТО САД ПОЧНАА ОПЕРАЦИЈА ПРОТИВ ИРАН Планот има врска со глобалната безбедност

Според првиот човек на американската дипломатија, акцијата треба да ја ослаби способноста на Техеран да го загрози регионот и пошироката глобална безбедност. Целта на операцијата е да се уништат капацитетите на Иран за лансирање ракети и фабриките каде што се произведуваат.

539

САД објавија дека нивната воена операција против Иран има за цел да ја ослабне способноста на оваа земја да го загрози регионот и глобалната безбедност.

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја опиша операцијата во Иран како напад врз она што го нарече „водечкиот светски киднапер на заложници“, истовремено пофалувајќи ги американските сили вклучени во мисијата.






– Застанете за момент и испратете ги вашите мисли и молитви до храбрите Американци. Сите сме воодушевени од нивната служба – изјави Рубио.

Тој додаде дека целите на мисијата биле да се уништат капацитетите на Иран за лансирање ракети, да се елиминираат фабриките каде што се произведуваат и да се погодат поморските сили на Иран.

Функционерот додаде дека операцијата имала за цел да се спротивстави на заканата што ја претставува иранското клерикално раководство за регионот и поширокиот свет.

Поврзани содржини