СЕ ОБНОВУВА ВОЗНИОТ ПАРК ВО ЈП „КОМУНАЛЕЦ“ БИТОЛА Набавени се 2 нови возила

99

Со две нови комунални возила е збогатен возниот парк на јавното претпријатие „Комуналец“ Битола, соопшти директорот Горан Степановски.

Набавени се две возила, едното за собирање комунален отпад, а другото за селекција на отпад. Капацитетот е од 8 м3 и на двете возила.






На вчерашната средба со градоначалникот Тони Коњановски и со претседателот на Советот Бојкоски, Степановски кажа дека и во текот на годинава дополнително ќе се обновува возниот парк.

– Јавното претпријатие и во периодот пред нас, ќе работи на обезбедување и на друга механизација, со цел поефикасно извршување на својата дејност, а во интерес на граѓаните и градот во целина – рече Степановски.

Поврзани содржини