ЛИНЕАРНОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ОСТАНУВА НА СИЛА Отпаднал сомнежот за неуставност на законските измени
Иницијативата да се укине линеарното покачување на пензиите ја поднесе уставната судијка Добрила Кацарска.
Во сила останува линеарното зголемување на пензиите, информира Уставниот суд.
„Отпадна сомнежот за неуставност на оспорениот закон и Судот денеска ја запре постапката“, информираа од Судот.
Оттаму најавија подетаљно соопштение за одлуката.
За иницијативата да се укнине линеарното покачување на пензиите како неуставно беше поведена постапка, а предлогот за конечна одлука не доби мнозинство гласови од уставните судии. Кога предлогот не добива мнозинство Судот ја запира постапката, а актот останува во правниот поредок.
Иницијативата да се укине линеарното покачување на пензиите ја поднесе уставната судијка Добрила Кацарска.