ШВЕРЦУВАЛ МИГРАНТИ ОД АВГАНИСТАН Турски државјанин уапсен кај Гевгелија

Ф.С. е приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија.

39

На локалниот пат Гевгелија – Граничен премин Богородица, синоќа околу 23 часот, полициски службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го уапсиле Ф.С. (46) од Република Турција, кој превезувал мигранти.

При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „Дачија“ со албански национални ознаки, управувано од приведениот, во кое биле затекнати пет лица мигранти – четворица од Авганистан и едно лице од Турција, соопшти МВР.






Ф.С. е приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини