ВО ЗЕМЈАВА ИМА 10.615 СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА Најмногу работници бараат трговијата и услужните дејности

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %.

181

Вкупно 10.615 работни места во последниот квартал лани биле  слободни или 2,14% од вкупниот број работни места, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најголем број слободни работни места, 2.387, прикажале услужните дејности и трговијата.






Највисока стапка на слободни работни места од 4,39% има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна, каде што се слободни 847 работни места.

Најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0,09 % или само 7 слободни работни места.

Во преработувачката индустрија  слободни се 2.482 работни места.

Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места од 2,49 %.

Деловните субјекти со 10 до 49 вработени имаат највисока стапка на слободни работни места од 2,64 %.

1. Пополнети и слободни работни места според секторите на дејности четврто тримесечје 2025 година
Број на пополнети работни места Број на слободни работни места Стапка на слободни работни места (%)
Вкупно 484 385 10 615 2.14
Рударство и вадење на камен 3 966 53 1.31
Преработувачка индустрија 102 806 2 482 2.36
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 7 908 7 0.09
Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината 9 759 76 0.77
Градежништво 25 682 698 2.65
Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли 76 609 2 264 2.87
Транспорт и складирање 26 025 578 2.17
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 18 458 847 4.39
Информации и комуникации 20 814 437 2.06
Финансиски дејности и дејности на осигурување 11 595 99 0.85
Дејности во врска со недвижен имот 2 137 13 0.59
Стручни, научни и технички дејности 17 702 253 1.41
Административни и помошни услужни дејности 23 143 1 005 4.16
Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување 44 001 275 0.62
Образование 38 764 720 1.82
Дејности на здравствена и социјална заштита 37 947 374 0.98
Уметност, забава и рекреација 13 522 411 2.95
Други услужни дејности 3 546 22 0.62
Поврзани содржини