ПОСТОИ РИЗИК ОД НУKЛЕАРНА НЕСРЕЌА ПОРАДИ ЕСКАЛАЦИЈАTA НА КОНФЛИКТОТ Предупредување од Меѓународната агенција за атомска енергија

Иранскиот амбасадор при нуклеарната надзорна агенција на Обединетите нации денеска изјави дека големиот ирански нуклеарен комплекс во Натанз бил погоден во неделата, во американско-израелските воени напади.

600

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ), Рафаел Гроси, предупреди дека постои ризик од нуклеарна несреќа поради ескалацијата на воената конфронтација на Блискиот Исток.

– Сите ние со загриженост ги следевме воените напади во Исламската Република Иран и на Блискиот Исток – рече утринава Гроси.






Според него не може да се исклучи можноста од радиолошко испуштање со сериозни последици, вклучително и потребата од евакуација на области поголеми од големите градови.

Досега нема индикации дека иранските нуклеарни објекти се оштетени или погодени во тековните израелски и американски напади, додаде тој.

Гроси, исто така, предупреди на зголемените ризици за нуклеарна безбедност во регионот, истакнувајќи дека неколку други земји од Заливот со нуклеарни објекти, исто така, се соочија со оган во иранските одмазднички напади.

– Затоа повикуваме на максимална воздржаност во сите воени операции – рече тој.

Гроси посочи на нуклеарните реактори во Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Сирија, додавајќи дека многу други земји на Блискиот Исток, исто така, поседуваат нуклеарна технологија.

Израел и САД минатиот јуни, во 12-дневната војна со Техеран, нападнаа и сериозно оштетија неколку ирански нуклеарни постројки.

Иранскиот амбасадор при нуклеарната надзорна агенција на Обединетите нации денеска изјави дека големиот ирански нуклеарен комплекс во Натанз бил погоден во неделата за време на американските и израелските воени операции против Исламската Република.

– Вчера повторно беа нападнати иранските мирољубиви и заштитени нуклеарни постројки – изјави Реза Наџафи пред новинарите на состанокот на Управниот одбор на 35-те земји членки на Меѓународна агенција за атомска енергија (МААЕ).

На прашање на Ројтерс кои објекти биле погодени, тој кусо одговорил: „Натанз“.

Соединетите Американски Држави бараат Техеран да се откаже од збогатување ураниум на сопствена територија, оценувајќи дека тоа претставува чекор кон развој на иранско нуклеарно оружје.

МААЕ со месеци бара од Иран да објасни што се случило со залихите од 440 килограми збогатен ураниум по израелско-американските напади во јуни, како и да овозможи целосно продолжување на инспекциите, вклучително и во трите клучни постројки што беа бомбардирани во јуни лани: Натанз, Фордо и Исфахан.

 

 

Поврзани содржини