📽️ ИРАН ИЗВРШИ НАПАД ВРЗ ТАНКЕР Четворица повредени, бродот тонe северно од Ормускиот теснец
Иран потврди напад врз танкер поради непочитување на наредбата за забрана на пловидба низ Ормускиот теснец; четворица повредени, целиот екипаж евакуиран, а тензиите на Блискиот Исток продолжуваат да растат.
Иран денеска потврди дека извршил напад врз нафтен танкер поради непочитување на наредбата бродот да не минува низ стратешкиот Ормуски теснец. Танкерот „Скајлајт“, кој пловел под знамето на Палау, бил погоден на пет наутички милји северно од пристаништето Хасаб, во гувернератот Мусандам, пренесува агенцијата Анадолу.
Според Оманскиот Центар за поморска безбедност, четворица членови на екипажот се повредени, додека сите 20 члена, меѓу кои 15 индиски и пет ирански државјани, биле евакуирани. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа танкерот како тоне додека густ чад се издига од него.
Инцидентот доаѓа во контекст на засилена ескалација на конфликтот на Блискиот Исток. Вчера Соединетите Американски Држави и Израел извршија напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни удари и беспилотни летала. Иранските медиуми објавија дека Ормускиот теснец практично е затворен за сообраќај.
BREAKING:
Iranian forces attacked a tanker from their own “shadow fleet” in the Strait of Hormuz, causing it to catch fire and begin sinking.
The ship was targeted for allegedly “illegally passing” through the strait.
The Skylight had 20 crew members on board: 15 Indian… pic.twitter.com/hjmh0ZZeZV
— Visegrád 24 (@visegrad24) March 1, 2026
Иран денеска потврди и смртта на врховниот лидер, ајатолахот Али Хамнеи, како и на неколку високи функционери кои загинале во нападите на САД и Израел.
Вашингтон и Тел Авив го обвинуваат Техеран за развој на нуклеарна и ракетна програма која претставува закана за Израел и американските сојузници. Иран, пак, постојано тврди дека неговата нуклеарна програма е исклучиво мирољубива.