🎥📷ТЕЛ АВИВ Е ВО ПЛАМЕН И ВО УРНАТИНИ Рој ирански проектили врз израелскиот главен град

Повеќе објекти во градот се зафатени од пожари, а се споделуваат фотографии и видеа од целосно разурнати згради, по одмазничките напади на Иран.

2,911

Тел Авив вечерва е погоден од нов бран ракетни напади како дел од иранската одмазда по денешните американско-израелски удари врз цели во Иран, јавуваат израелските медиуми и службите за итна помош.

Според првичните информации, повеќе објекти во градот се зафатени од пожари. Над делови од метрополата се издига густ чад. На соццијалнте мрежи се споделуваат фотографии и видеа од целосно разурнати згради.






Сирените за воздушна опасност одекнуваат низ градот, а граѓаните се повикани веднаш да се засолнат во безбедносни засолништа.

Израелскиот противракетен систем „Железна купола“ бил активиран и пресретнал дел од проектилите. Засега нема официјална потврда за точниот број на погодени цели ниту за евентуални жртви. На социјалнте мрежи се споделува информација за двајца загинати Израелци.

Меѓународната заедница внимателно ја следи ситуацијата, додека расте стравот од поширок регионален судир со сериозни безбедносни и геополитички последици.

Поврзани содржини