ИРАН ЛАНСИРАШЕ РАКЕТИ КОН ИЗРАЕЛ Сирените за тревога се вклучени во целата држава

На израелските граѓани им е наредено да се засолнат во безбедни соби и во заштитени зони.

1,946

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека детектирале лансирање ракети од Иран кон Израел.

Сирените за тревога се вклучени во целата држава.






„Во овој момент, израелските воздухопловни сили дејствуваат за пресретнување и, доколку е потребно, за уништување на заканите со цел нивно елиминирање. Одбраната не е херметички затворена и затоа е императив јавноста да продолжи да се придржува до упатствата на Внатрешната одбранбена команда, соопшти ИДФ.

На израелските граѓани кои го добиле предупредувањето им е наредено да се засолнат во безбедни соби и во заштитени зони.

Ирански функционер претходно денеска изјави дека Техеран се подготвува за одмазда, откако Израел денеска почна напад врз Иран.

Според некои извори, Иран лансирал стотици ракети, а некои веќе погодиле цели во Израел.

 

Поврзани содржини