ЛОВЏИИТЕ НАШЛЕ УГИНАТ РИС НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД Надлежните со обдукција ќе утврдат дали е прегазен или угинал од друга причина

Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис, објави Македонското еколошко друштво.

418

Најден е мртов рис денеска, ретко и заштитено животно од загрозеен вид и еден од симболите на Македонија.

Македонското еколошко друштво објави дека по дојава од Здружението на ловци „Преспа-Ресен“ констатирале дека е угинат рис на патот Ресен-Охрид.






„Во тек е координирана акција со Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат за животна средина, Агенцијата за храна и ветеринарство и Македонското еколошко друштво со цел земање примероци за анализа и транспортирање на угинатото животно на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ Скопје, заради обдукција. Ваквите случаи не нè оставаат рамнодушни, особено ако се земе предвид дека постојат уште само 50-на единки на балканскиот рис. Истовремено, се јасен показател дека ако сакаме да ги зачуваме загрозените видови, мора да се планираат и да се градат зелени мостови преку кои животните ќе можат безбедно да се движат и да ги надминуваат пречките создадени од човекот“, објави Македонското еколошко друштво.

Државниот инспекторат за животна средина објави дека се работи за возрасна женка, која е пронајдена кај селото Буково.

 

Поврзани содржини